Platycodon grandiflorus F1
Platycodon grandiflorus F1, вообичаено наречен балонче, кој припага на фамилијата Campanulaceae, е повеќегодишно растение и се нарекува така затоа што нејзините цветни пупки се издувуваат како балони пред да пукнат во цвеќиња во облик на ѕвонче со поглед кон горе и со пет зашилени лобуси. Растенијата потекнуваат од падините и ливадите во Кина, Јапонија, Кореја и Сибир. Ги има во Виолетово-сини,Розеви и бели цвеќиња, цветаат во текот на летото, , на врвот на стеблата обично растат до 60см висина и 60см ширина.
Ова растение е издржливо до −15 ° C, и затоа може да се одгледува во сите умерени зони. Целосно умира во зима во поладните региони, но повторно се појавува кон крајот на пролетта и цвета во лето.
Името на родот потекнува од грчките зборови platys што значи широк и codon што значи камбана,коренивиот систем се користи за медицински како и кулинарски цели.
Род: Platycodon.
Фамилија: Campanulaceae
Вид: Platycodon grandiflorus F1
Тип на растение: повекегодишно издржливо на минусни температури (-15)
Земја на потекло: Кина,Јапонија,Кореја и Сибир
Токсичност: не е токсично
Време на цветање
Пролет и лето
Изложеност на сонце :
Полузасенчено до целосно сонце