Услови за користење
Хорти Гарденс Ви овозможува користење на услуги и содржини на својата веб страна во согласност со долунаведените услови на користење. Условите на користење ги опфаќаат сите услуги и содржини на веб страницата. Користењето на оваа веб страница, во било кој капацитет, подразбира дека сте запознаени со овие услови. Користењето на оваа веб страница е единствено за лична потреба и на сопствена одговорност.
Почитувани,
Ве молиме пред користењето на нашата веб страница, во било кој капацитет, со внимание да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале условите и дека сте во целост согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа веб страница.
Општи одредби
Хорти Гарденс ги поседува авторските права на сите содржини (текстуални, аудио – визуелни материјали, бази на податоци и кодови) кои се поставени на веб страницата. Тие може да се користат единствено со писмена дозвола од носителот на авторските права. Секое копирање, дистрибуција, објавување, поврзување, или на друг начин модифицирање на овој веб-сајт без изречна писмена согласност на Хорти Гарденс е строго забранета. Прекршување на општите услови за употреба може да доведе до граѓанска постапка и гонење против сторителите за прекршувањето на авторските права, заштитниот знак и права или правата на која било друга форма на интелектуалната сопственост.
Хорти Гарденс може да ги ревидира овие услови во било кое време, со ажурирање на овој документ. Посетувајте ја оваа страница за да ги прегледате промените во условите, поради што, Вие како корисник сте обврзани со нив.
Податоци на корисникот
Личните податоци кои ги проследувате до веб страницата со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со законите за заштита на приватноста. Забрането е праќање или пренесување, било какви незаконски, експлицитни или материјали со навредлива содржина.
Сите информации и други соопштенија кои ги пренесувате или праќате на оваа веб страница нема да се сметаат за доверливи и можат да се користат за маркетинг и комерцијални цели. Секако, во оваа група не спаѓаат Вашите лични податоци. Нив, согласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за внатрешна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.
Коментари
Хорти Гарденс го задржува правото да ги отстрани пораките кои по содржината сметаме дека се експлицитни, навредливи или на било каков начин неприфатливи.
ПРИВАТНОСТА НА ПОДАТОЦИТЕ
За да можеме успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон за полесен контакт при доставата. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката. Хорти Гарденс се обврзува дека ќе ја чува приватноста на сите купувачи.
На купувачите им даваме можност за избор вклучувајќи можност за одлука дали сакаат да се одјават или не од мejлинг листата.
Ги прибираме само онсовните податоци за купувачите и податоците кои се неопходни за работа и информирање на корисниците согласно добрите деловни обичаи и со цел обезбедување на квалитетна услуга. Сите податоци за купувачите строго се чуваат и достапни се само за вработените на кои им се неопходни за исполнување на редовните работни активности. Се обврзуваме дека собраните податоци нема да ги користиме за други цели ниту ќе ги проследуваме до трети лица. Покрај овие податоци, собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со производите на нашата страница, кои нашите посетители ги бараат и ги купуваат. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите поедноставно користење и купување.